Контроверзниот Маурицио Ѕампарини вели дека му олеснало што завршил „кошмарот“ со Палермо, откако конечно го продаде клубот во кој играат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Ѕампарини уште лани го постави клубот на продажба, додека уште беа дел од Серија А, но веќе договореното со медиумскиот магнат Паул Бакаљини пропадна. 77-годишниот Италијанец, конечно, ја предаде контролата на клубот во четвртокот на засега анонимен инвеститор.
„Дадов многу, но никогаш не ме разбраа. Јас доаѓам од Фриули и мислам дека се однесував добро, но надвор од вашите правила од Палермо. Го оставам Палермо на првото место во Серија Б, но добивав само навреди. Овој град кому дадов многу ме влечкаше низ кал и ме натера да го продадам клубот. Го оставам кошмарот и не сакам повеќе да зборувам. Постојано читам дека сум човек кој ужива во криминали и затоа си заминувам со тага и горчина“, изјави Ѕампарини за „Палермо тудеј“.
Палермо има два поени предност во Серија Б пред вечерашниот меч по 11 кола со еден натпревар помалку.
Несторовски и Трајковски во неизвесност, Ѕампарини го продаде Палермо на непознат газда