Top Sport

Ѕампарини ќе ја тужи италијанската федерација поради Несторовски и Трајковски?

Пријателските меѓународни натпревари во март повторно ги „распалија“ страстите на Сицилија, од каде што претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини изјави дека ќе ја тужи федерацијата доколку не се вратат во Серија А.

Палермо се обиде да не ги пушти Илија Несторовски и Александар Трајковски на повикот на селекторот Игор Ангеловски, но двајцата репрезентативци се потребни за воигрување пред настапот во Лигата на нациите. Ѕампарини не го прими ова најдобро.

„Ако не влеземе во Серија ќе барам отштета од италијанската федерација. Веќе побаравме од нашите адвокати да работат, некои работи не можат да застанат тука. Не е можно тим кој се бори за опстанок да ги дава своите играчи за пријателски мечеви. Тоа е против вредностас на спортот. Ако ми земат половина тим за пријателски мечеви што да правиме. Нашата федерација не реагира, а тимовите како Емполи, Фрозиноне и Парма се пресреќни поради тоа“, вели Ѕампарини во интервју за „Џорнале ди Сицилија“.

Scroll to Top