Каталонските медиуми, кои традиционално се наклонети кон Барселона, во денешните изданија го слават Германецот Марк-Андре Тер Штеген за неговата брилијантна партија на „Вастфален“ во Дортмунд.
Барселона синоќа гостуваа кај Борусија и само благодарение на Тер Штеген избегнаа пораз.
Германецот одбрани две „мртви шанси“, потоа го фати пеналот на Ројс во 57 минута, а во една ситуација и гредата му беше сојузник.
Барселона во 90 минути не создаде шанса, во текот на целиот меч играчите на Ернесто Валверде упатиле само шест удари кон голот на Бурки, но ниту еден не одел во рамките на голот.
„Спасителот Тер Штеген“, „Ѕидот се вика Тер Штеген“, се само дел од насловите во медиумите.
Инаку, во наредната рунда Барселона ќе го пречека Интер, а Дортмунд ќе гостуваат во Прага кај Славија.