Top Sport

Ѕоф: Донарума се лаже ако мисли дека со ПСЖ прави чекор напред

Легендарниот поранешен италијански голман, Дино Ѕоф вели дека Џанлуиџи Донарума не прави чекор напред во неговата кариера со потпишувањето за Пари Сен-Жермен.

Донарума одби 8 милиони евра годишна плата од Милан, клубот кој му даде шанса да стане прв голман на само 16 години и сега е пред потпис со ПСЖ, откако му пропадна договорот со Јувентус.

„Оваа приказна трае предолго, веќе неколку месеци. Ако сака да оди во ПСЖ, тоа негов избор. Ако мисли дека може да заработи повеќе и да биде среќен, тогаш му посакувам тоа да му се оствари. Но, искрено, не гледам некоја разлика меѓу ПСЖ и Милан во фудбалски аспект. Ова не е чекор напред“, изјави Ѕоф.

„Росонерите“ се вратија во ЛШ по отсуство од седум години со второто место во Серија А.

„Мислам дека Донарума е млад голман кој уште не е меѓу најдобрите на светот. За тоа му е потребно искуство“, додава Ѕоф.

Scroll to Top