Top Sport

Ѕвездата на Барса, Артур го пропушта „Ел класико“ поради гонореја?

Шпанските медиуми тврдат дека бразилскиот фудбалер од средниот ред на Барселона, Артур Мело ќе пропушти неколку недели од натпреварите, вклучувајќи го и „Ел класико“ поради полова болест, поточно гонореја.

Според овие извори, Артур не играл против Мајорка поради болеста, бидејќи третманот за гонореја значи користење на средства кои се наоѓаат на листата на забранети супстанции на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). Клубот официјално објави дека тој има повреда на бутниот мускул.

Инаку, Артур успеа убаво да се вклопи во средината на теренот на каталонскиот клуб оваа сезона, праќајќи го честопати на клупата Иван Ракитиќ, а забележително беше неговото одлично партнерство со Френки де Јонг. Клубот засега не дава официјални информации.

Scroll to Top