Top Sport

„Ѕвездата“ на Кроули, Царула во солзи по емотивниот прв гол

Ник Царула, фудбалерот на англискиот четвртолигаш, Кроули, не можеше да ги заддржи солзите откако го постигна својот прв сениорски гол во шокантната 3:0 победа над Лидс јунајтед во третото коло во ФА купот, но тоа е разбирливо ако се знае неговата животна приказна.

21-годишниот младински репрезентативец на Кипар беше јуниор на Тотенхем кога во 2017 година имаше тешка сообраќајна несреќа по која паузираше една година од фудбалот и беше ослободен од договорот со лондонскиот клуб. По ова тој склучи договор со Б-тимот на Брентфорд, пред Кроули да му дадат вистински договор (иако во четвртата лига).

„Се загубив во моментот. Ова беше долг, тежок пат за мене, така што сум горд на тој гол. Не знам што да кажам друго“, изјави Царула во солзи по мечот.

Четвртолигашот Кроули го понижи Лидс, Сити и Челси без мака

Scroll to Top