Top Sport

Ѕвездите на Арсенал демантираат дека ги игнорираат своите маскоти

Ѕвездите на Арсенал, Калам Чејмберс и Пјер-Омерик Обамејанг одговорија на критиките кои ги добија на Интернет откако снимките ги покажаа како игнорираат едно мало дете пред неделниот меч со Норич.

Пред 2:2 ремито на „Кероу роуд“, „топчиите“ беа критикувани откако тие поминаа покрај едно мало дете кое беше маскота на натпреварот на патот до соблекувалната бидејќи никој не се осврна кон него. Чејмберс на Твитер одговори и откри дека има и „поинаква“ страна на приказната.

„Камерите понекогаш даваат само една слика. Секогаш е одлично да се сретнеме со младите јуниори-маскоти во соблекувалната пред секој меч. Се надевам дека Били добро си помина во Норич и беше задоволство да го запознаам“, напиша Чејмберс со фотографии со истото момче во соблекувалната на тимот.

Обамејанг додаде свој коментар.

„Ти благодарам Калам. Сакав да спијам, но поради ваквите ср.ња морав да одговорам“, напиша Обамејанг.

Scroll to Top