Пари Сен-Жермен го доживеа првиот пораз во француската Лига 1, откако неочекувано Стразбур беше тимот кој во 16. коло успеа да ги совлада „светците“.
Дека тимот од Алзас оди на победа стана јасно рано, откако Да Коста во 13. минута ги доведе домаќините во водство на „Стад де ла Мено“ по нафрлањето на Линар од слободен удар, кога одбраната на ПСЖ лошо ја процени офсајд-ситуацијата.
До крајот на полувремето парижаните успеаја да израмнат по одличната тројна акција на Рабио, Нејмар и Килијан Мбапе, кој ја уфрли топката во голот на домаќините. Во 65. минута, Стефан Баокен успеа да ја наттрча одбраната на ПСЖ и да го постави конечниот резултат.
ПСЖ останува убедлив лидер со 41 поен, 10 повеќе од Марсеј, додека Стразбур е на 14. место по само четвртата победа оваа сезона. Ако ситуацијата кај „светците“ беше затегната досега, кога тимот газеше сè пред себе, по овој пораз, зборот криза сигурно ќе се врати во речникот на француските медиуми.