Top Sport

Ѕвездите на Севилја се извинија за „корона-забавата“

Фудбалерите на Севилја, Луис Окампос, Франко Васкез, Лук де Јонг и Евер Банега се извинија на клубот и на јавноста откако ги прекршија правилата за карантин со групна забава во саботата.

Фудбалот во Шпанија е прекинат од март поради корона вирусот, кој досега зарази над 280.000 луѓе и предизвика 28.000 смртни случаи, но Ла лига најави враќање на 8 јуни, иако рестрикциите за фудбалерите остануваат.

Сопругата на Банега „ја предаде“ забавата на четирите фудбалери на социјалните мрежи, и покрај тоа што шпанската влада ограничи собирање во домовите на 10 или помалку луѓе,  а Ла лига им советуваше на фудбалерите да заминуваат од домот само на тренинг и на шопинг.

„Сакам да се извинам за тоа што се случи вечера. Се работеше за собирање на семејството и пријателите, но сфаќаме дека не бевме во право. Бараме прошка од клубот, фановите и општеството. Нема да се повтори“, напиша Банега на Инстаграм.

Scroll to Top