Мартин Едегард вели дека е презадоволен од своите настапи за Реал Сосиедад и сака да остане таму до крајот на двегодишната позајмица наместо да се врати во Реал Мадрид.
Норвежанецот уште е фудбалер на Реал Мадрид, но одличните резултати оваа сезона придонесоа да се зголемат шпекулациите дека Мадрид ќе го повика назад. Едегард неодамна помогна да се елиминира неговиот матичен клуб од Копа дел Реј и сега планира да освои титула со клубот од Сан Себастијан и да игра во Лигата на шампионите.
„Секогаш одговарам дека тука сум многу среќен и дека планот е да се игра за Ла Реал две сезони. Сакам да играм во Лигата на шампионите, против најдобрите клубови на светот“, вели 21-годишниот Едегард за „Ел диарио васко“.
Сосиедад се на шестото место на табелата во Ла лига со меч помалку од петте клуба пред нив, а Едегард има 7 гола и 8 асистенции и се надева дека по 33 години, конечно ќе освои титула со клубот.
„Две работи ме возбудуваат – трофејот од Копа дел реј и квалификациите за Лигата на шампиони. Секој ден ја гледам фотографијата на која е освоена титулата во Сарагоса. Секогаш сум по малку љубоморен и мислам дека навивачите доста чекаа“, додава Норвежанецот.