На денешен ден во 1989 година легендарниот Диего Армандо Марадона ги фрли во транс навивачите на Наполи кои се најдоа на трибините на Олимпискиот стадион во Минхен.
Аргентинецот, тогаш најдобриот фудбалер во светот, приреди вистинско шоу на загревањето пред почетокот на полу-финалниот меч во Купот на УЕФА против Баерн.
Додека неговите соиграчи ги работеа стандардните вежби за загревање, Марадона со одврзани копачки елегантно танцува со топката во ритамот на безвременскиот хит „Live is life“.
Наполи во два натпревари го елиминира Баерн со вкупен резултат 4:2. Натпреварот во Минхен заврши 2:2. Наполи предводен од Марадона подоцна го освои трофејот во Купот на УЕФА.