Mакедонската фудбалска репрезентација која од Тбилиси синоќа слета во Приштина по историскиот пласман на Европското првенство, беше пречекана од премиерот Зоран Заев на граничниот премин Блаце.
Заедно со Заев, на пречекот дојдоа и првиот вицепремиер Артан Груби како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Како што додаде, тој и првиот вицепремиер Артан Груби дошле да ги пречекаат фудбалерите за да ја споделат радоста и да им соопштат дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.
Ова е успех достоен за големо славење, рече Заев, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои забрануваат собири.