Премиерот на Италија Џузепе Конте наредил да запрат сите спортски манифестации до крајот на месецот поради ширењето на коронавирусот. Од вирусот во последните 24 часа во Италија починале 27 лица, со што бројката на починати се искачи на 79 луѓе.
Изминатите три недели во Италија е најголемото жариште на коронавирусот во Европа. Поради вирусот некои спортски натпревари се играа без присуство на публика.
„30 дена треба да се избегнуваат спортските настани и настаните на кои можат да се соберат голем број на луѓе. Тоа е еден од предлозите што научната комисија му ги дала на премиерот Конте. Овој предлог би можел да биде уфрлен во декретот што беше донесен на 1 март“, пишува агенцијата АНСА.