Еден од уапсените хрватски државјани од крвавото белградско дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда (1:1), кое се одигра минатиот месец, решил да им открие некои работи на истражните органи, односно кој ги ангажирал него и останатите за да ја започнат тешачката на јужна трибина.
За потсетување, шестмина Хрвати учествуваа во крвавата тепачка помеѓу фракциите на Партизан. Тие заедно со подргупите на навивачката група „Гробари“, „Вандал Бојс“ и „Јанг Бојс“, ги нападнаа лидерите на трибината во обид да ја преземат власта на јужната трибина.
Обидот беше неуспешен, а тие претепани и соблечени речиси до гола кожа беа исфрлени на атлетската патека, каде беа приведени од страна на специјалците на српската полиција.
Весникот „Новости“, неофицијално објави дека еден од уапсените Хрвати решил да проговори и дека интензивно соработувал со истражните органи. Весникот сепак не прецизира дали тој бил „скрешн“ од инспекторите или решил да проговори за да добие поблага казна.
Весникот нефицијално објави дека тој на форграфиите кои му биле покажани го препознал лицето од кое добиле по 10.000 евра. „Новости“ трдат дека се работи за членот на српското и црногорско пдземје Филип Кораќ кого и претходно медиумите го поврзуваа со нередите на јужната трибина, но тој самиот демантирал дека има било каква врска со тепачката помеѓу фракциите на „Гробарите“.