Неапол изминатата ноќа ја славеше третата шампионска титула во историјата на Наполи. Цели 33 години, уште од времето на Диего Марадона, Неапол ја чекаше титулата во Серија А.
Целиот град по меќот во Удине славеше со многу пиротехника. Прославата беше засенета од еден смртен случај и стотици повредени луѓе.
За време на прославата загина 26.годишен маж, јавува италијанската новинска агенција АНСА, наведувајќи дека тој е еден од четворицата ранети во престрелка.
Според весникот „Кориере дела сера“, се уште не е јасно дали истрелите биле испукани како дел од прославата или станува збор за криминален чин, додека весникот „Ла Стампа“ пишува дека жртвата била поврзана со локален мафијашки клан.
За време на прославите низ градот биле повредени 200 луѓе.
Napoli, i tifosi partenopei in festa cantano ironicamente "Vesuvio erutta, tutta Napoli è distrutta" #Napoli #UdineseNapoli #scudetto #NapolicampionedItalia #localteam pic.twitter.com/1orFyNpyin
— Local Team (@localteamtv) May 4, 2023
Napoli, piazza Giovanni Bovio presa d'assalto dai tifosi al settimo cielo per la vittoria dello scudetto da parte di Oshimen e compagni #Napoli #UdineseNapoli #NapolicampionedItalia #scudetto #localteam pic.twitter.com/Ua6QsJqnmO
— Local Team (@localteamtv) May 4, 2023