Top Sport

Еден загинат во договорена навивачка тепачка

Навивач загинал во брутална тепачка на хулигани во Сибир. Немилиот настан се случил на 18 ноември, но информациите за смртта на навивачот се објавени денес.

Хулиганите на Јенисеј од Краснојарск и Сибир од Новосибирск договориле тепачка бидејќи навивачките групи имале некакви недоразбирања за знамињата и шаловите.

Според извештаите, во договорената тепачка победиле хулиганите на Сибир, неколку противнички навивачи биле буквално нокаутирани, а еден починал.

На 30-годишниот Едвард Самишкин во тепачката му бил скршен вратот и починал на самото место.

Scroll to Top