Фудбалерите на Локомотив од Москва ја освоија шампионската титула, откако во 29.коло го совладаа Зенит со 1-0 и стекнаа недостижна предност од седум бода над конкурентите.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Едер во 88.минута. Овој напаѓач беше стрелец на единствениот гол во финалето на Европското првенство во Франција пред две години.
Едер влезе во игра во 79.минута на местото на Миранчук, а девет минути подцна во гол ја претвори асистенцијата на Игнатиев.
Локомотив ја освои третата шампионската титула во историјата. Претходно тимот од „РЗД арена“ беше најдобар во Русија во 2002 и 2004 година.
Золотой гол «Локомотива» ??? pic.twitter.com/ryTJshh5mB
— Спорт БО (@Sport_BO) May 5, 2018