Интер потврди дека го продолжиле договорот со Едер, со кој играчот од средниот ред ќе остане во тимот до јуни 2021 година.
Италијанскиот интернационалец со бразилско потекло, дојде во Интер како позајмен играч на 18 месеци минатата година, пред да добие постојан договор до 2020 година, кој беше активиран во август, за сега „нераѕурите“ да решат да му додадат уште 12 месеци на договорот.
„Едер Ситадин Мартин останува со нашиот тим до 30 јуни 2021 година. Од доаѓањето во Интер тој постигна 11 гола во 63 настапи. Интер и Едер, приказна во црно-сино која продолжува“, се вели во соопштението на Интер.