Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, по седум години би можел да го напушти „Етихад“.
Во текот на ноќта, се појавија веродостојни инсајдерски информации дека Едерсон постигнал лични договори со Ал Наср од Саудиска Арабија.
Деталите не се познати, но сега сите знаат колку Арапите ги преплаќаат сите ѕвезди што ги прифаќаат да дојдат во нивната лига, па очигледно Едерсон не остана имун на вреќи со пари.
Останува клубовите да ја финализираат зделката, иако се шпекулираше дека Ал Наср ќе плати дури 50 милиони евра за неговото обештетување, сега таа бројка наводно ќе биде значително помала сега откако Едерсон се согласил да си замине.
Тој пристигна во Сити од Бенфика во летото 2017 година за 40 милиони евра.