Голманот на лидерот на Премиер лигата, Едерсон вели дека застанал на голот само бидејќи секоја друга играчна барала премногу напор за него.
24-годишниот Бразилецот ова лето дојде за 35 милиони фунти, со што е вториот најскап голман во историјата зад легендата на Јуве и Италија, Џанлуиџи Буфон. Тој се наоѓа на таа позиција бидејќи кога бил помлад решил дека другите позиции во фудбалот се пренапорни, открива тој во интервју за „Скај спортс“.
„Кога почнав да играм фудбал, играв во одбрана како лев бек, но бидејќи сум премногу мрзелив да трчам по напаѓачите побарав тренерот да ме постави на гол. Така се роди страста кон позицијата. Веднаш ми се допаѓаше местото и работев напорно пред да добијам професионален договор“, вели Едерсон.
Тој е дело на младинската академија на Сао Пауло, каде што се прослави, пред да замине во Бенфика, која прво го прати на заем во Рибеирао и Рио Аве пред во 2015 да го врати во првиот тим. Манчестер сити го забележа.
„Беа заинтересирани и други клубови, но мојот агент ми кажа дека Манчестер сити се најсериозни и бев задоволен од тоа. Да се игра со брилијантен менаџер како Пеп Гвардиола е фантастично и навистина ми е чест што сум дел од овој голем клуб“, додава Едерсон.