Top Sport

Една година подоцна, скулпторот направи „подобрен“ Роналдо (галерија)

Пред точно една година, скулпторот Емануел Жорге да Силва Сантош беше можеби човекот на кого најмногу му се смееја на Интернет.

Причината? Бизарната скулптура на најпознатиот фудбалер од островот Мадеира, Кристијано Роналдо, која го „красеше“ аеродромот. Ликот на скулптурата воопшто не наликуваше на ѕвездата на Реал Мадрид и беше предмет на потсмев на Интернет.

Една година подоцна веб-сајтот „Бличер рипорт“, му даде шанса на 41-годишниот Силва да ја поправи работата.

„Првата реакција ми беше, неееее! Но, потоа сфатив дека е добро да се поправам и да им покажам на луѓето дека не сум тоа што ме направија медиумите. Ако сега има негативни коментари, подготвен сум. По тоа што се случи пред една година, ништо не може да ме собори“, вели Силва.

Подобро, нели?

Scroll to Top