Маурицио Сари е „еднодимензионален тренер“, вели претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис, кој исто така открива дека новиот менаџер на Челси во својот договор има клаузула според која нема да може да купува играчи од италијанскиот клуб.
59-годишниот Сари е познат по својот стил на игра, познат како „саризмо“ или „сари-бол“, со многу напаѓачки фудбал и иако со оваа тактика Наполи беше блиску до титулата во Серија А, на крајот тие не успеаја да го „скршат“ монополот на Јувентус. Де Лаурентис вели дека комплетен тренер не треба само да забавува, туку и да победува.
„Вистина е дека го нарекував гениј, но тој гениј е еднодимензионален, јас го гледав како игра само на еден начин. Да видиме што ќе направи во Англија. Во последните шест години созреа повеќе отколку во првите 30. Што му недостасува? Комплетен тренер не игра само за забава, туку и за победи“, вели Де Лаурентис за „Дејли мирор“.
Контроверзниот претседател на Наполи исто така инсистира дека Челси нема да може да купи ниту еден друг фудбалер на Наполи освен Жоргињо, за кого „сините“ платија 57 милиони фунти. Во игра беа и Калиду Кулибали и Дрис Мертенс, но Де Лаурентис вели дека тоа нема да се случи.
„Го пуштив да си оди кога потпиша договор во кој јасно посочува дека нема да смее да потпише догтовор со нашите играчи, освен со Жоргињо. Имаше голема битка да понесе и други фудбалери, но не му дозволивме“, додава Де Лаурентис.