Top Sport

Едуардо Беризо пристигна на „Сан Мамеш“

Атлетик Билбао штотуку завршената сезона ја заврши на разочарувачкото 16.место, поради што клубот не му го продолжи договорот на тренерот Хосе Зиганда. Клубот од „Сан Мамеш“, во четвртокот објави дека нов тренер на тимот ќе биде Аргентинецот Едуардо Беризо.

Поранешниот тренер на Селта и Севилја, со Атлетик, потпишал двегодишен договор. Беризо минатата сезона ја започна како тренер на Севилја, но поради здравствени проблеми и неможноста да го води тимот, клубот му врачи отказ.

Овој потег на Севилја беше осуден од спортската јавност ширум светот.

Scroll to Top