Top Sport

Едуардо доби отказ од Легија

Поранешниот хрватски репрезентативец со бразилско потекло, Едуардо доби отказ од тимот на Легија Варшава, откако и покрај неговиот договор со плата од 30.000 евра месечно не постигна ниту еден гол за полскиот клуб.

35-годишниот поранешен фудбалер на Динамо Загреб, Арсенал, Шахтјор, Фламенго и Атлетико Паранаенсе беше пред трансфер во Риека во летниот преоден рок, но се реши за Легија, каде што одигра само 14 натпревари.

Едуардо имаше 62 настапи и 29 гола за хрватската репрезентација, но последен пат беше викнат на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');