Легендарниот играч на Баерн Минхен, Штефан Ефенберг е познат како човек кој не се плаши да го каже своето мислење. Тој остро ги критикувал клупските челници поради одлуката да платата 80 милиони евра за левиот бек на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез.
Баерн, реконструкција на тимот ја започнаа со тандемот на француската репрезентација Лука Ернандез и Бенжаман Павар. Баварците ја активираа откупната клаузула во договорот на Ернандез и на Атлетико му платија 80 милиони евра.
На Ефенберг му пречи што клубот се откажал од праксата да не плаќа повеќе од 40 милиони евра за фудбалер, а и како што вели таа сума тој не би ја потрошил на лев бек.
„Цело време зборуваат дека клубот го засилиле светски шампиони, но кој може да ви гарантира дека тие ќе играат така и во наредните десет години. Во трансферот на Ернандез има само еден победник, а тоа е Атлетико. Тој износ е нормален во денешниот фудбал, но мене ме боли желудникот од тоа. Јас тие пари би ги потрошил на напаѓач или играч од редот за врска, никако на бек. Ако се продолжи со ова темпо, за пет години и на возачите на автобуси ќе им даваме по пет милиони евра“, рекол Ефенберг.