Египет го отпуштија селекторот Хавиер Агире, кој доби отказ само неколку часа откако домаќините беа елиминирани од осминафиналето на Африканскиот куп на нации од Јужна Африка.
Тембинкоси Лорч постигна гол во 85. минута за Јужноафриканците да дојдат до изненадувачка победа во меч во кој Египќаните играа посебно лошо со многу малку шанси за голови и со посебно слаба игра на Мохамед Салах.
Претседателот на Египетската фудбалска асоцијација, Хани Або Рида објави дека мексиканскиот тренер е отпуштен, а во исто време потврди дека и тој дава оставка само три часа по поразот. Або Рида исто така побара и бордот на федерацијата да даде оставка како „морална обврска“.
60-годишниот Агире по мечот изјави дека тој ја презема одговорноста за поразот и дека е горд на своите фудбалери. Тој заминува по помалку од една година на клупата, но со историски рекорд – како единствен тренер кој носел репрезентација на четири континентални шампионати.