Top Sport

Египќанец со тужба од 1 милијарда евра против Рамос!

Египетскиот адвокат Басем Вахба покрена судска тужба од 1 милијарда евра против Серхио Рамос, откако шпанскиот капитен на Реал Мадрид го повреди Мохамед Салах во првото полувреме од саботното финале на ЛШ.

По дуелот со Рамос, Салах падна на левото рамо, и доби повреди на лигаментите ставајќи го неговиот настап на Мундијалот во неизвесност. Салах во неделата изјави дека е „сигурен“ дека ќе настапи за репрезентацијата на Ектор Купер во Русија, но тоа не ја намали лутината во Египет.

Вахба откри дека поднел жалба до ФИФА обвинувајќи го Рамос за намерно повредување и нанесување на „физичка и психолошка штета“ на најпознатиот фудбалер од Египет, но и на целата нација.

„Рамос намерно го повреди Мо Салах и треба да биде казнет за своите постапки. Веќе поднесов тужба, но и жалба до ФИФА. Ќе барам компенација од над милијарда евра за физичката и психолошката штета која Рамос му ја нанесе на Салах и на египетската нација“, вели Вахба.

Вахба планира ако ја добие компензацијата да ја донира на фондацијата „Да живее Египет“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top