Top Sport

Еибар подобар од Гранада, Сосиедад спаси бод со Осасуна

Фудбалерите на Еибар ја совладаа Гранада со 2-0 во меч од 17 коло на шпанската Ла Лига.

Домаќините го отворија резултатот од белата точка во 55 минута, откако Ерера направи прекршок во својот казнен простор. Голманот го одбрани ударот на Силва, ама натрча на одбиената топка Жил и реализираше.

Мечот беше решен во 76 минута, за конечни 2-0. Стрелец повторно Жил.

Со тоа Еибар ја прекина серијата од 5 меча без триумф и моментно се 11-ти на табелата, додека Гранада е седма.

Екипата на Реал Сосиедад кој долг период беше на врвот на табелата повторно ги разочара своите навивачи, одиграа само 1-1 со Осасуна.

Гостите водеа од 20 минута, а бод за домашниот тим донесе Беренштеа во 46 минута.

Клубот од Сан Себастијан сега е четврти на табелата, додека Осасуна е претпоследна на табелата.

Scroll to Top