Top Sport

Екип „удри“ по Нејмар

„Екип“, жестоко го нападна Нејмар. Изјавата на Бразилецот, дека повеќе не е „ментално силен“ и дека поради тоа ќе престане да игра за националниот тим по Мундијалот во Катар.

„Нејмар, дали си уморен?“, стои на насловната страница на реномираниот спортски медиум.

„Мислам дека ова ќе ми биде последно СП. Не знам дали имам ментална сила да се носам со фудбалот. Ќе дадам се од себе за да се носам со фудбалот. Ќе се трудам во добра форма да го дочекам СП, ќе се трудам да го освојам Мундијалот и да ги остварам сништата. Се надевам дека можам да го направам тоа“, изјави пред неколку дена Бразилецот за „ДАЗН“.

„Екип“, го критикува Нејмар, дека тој е главен надвор од теренот, бидејќи во последните години поради разни повреди пропушта голем број натпревари.

Неодамна, Нејмар, јавно го критикуваше и поранешниот играч на Монако и ПСЖ, Жером Ротен.

„Изјавите на Нејмар се ужасни за ПСЖ. Тој има недостиг на храброст и ентузијазам“.

Нејмар е играч на ПСЖ од 2017 година. За неговиот трансфер од Барселона, ПСЖ издвои рекордни 222 милиони евра.

Scroll to Top