Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Хесе Родригез во 2019 година доби отказ и од француски ПСЖ, па оттаму се пресели ви татковината, настапува за Лас Палмас.
Подолг временски период неговите фудбалски вештини се во втор план, а медиумите се занимаваат со неговиот приватен живот.
Токму поради „бурните активности“ надвор до теренот ПСЖ го раскина договорот со Шпанецот откако тој во дресот на „светците“ одигра само 22 минути – останатото време беше на позајмици.
Хесе веќе има 5 деца со 3 различни жени, а четвртата со која е сега, ријалити ѕвездата Росио Амар е бремена, па фудбалерот ќе ја добие шестата принова.
Хесе има две деца со Мелоди Сантана, две со Жанира Барм и едно со Аура Руиз.
Хесе како 14-годишник дојде во Реал Мадрид во 2007 година, а во 2016 година за 25 милиони евра „Кралевите“ го продадоа во Париз.