Top Sport

Екс-играч на Барселона „фатен“ во тренинг центарот на Јувентус

Искусниот фудбалски репрезентативец на БиХ – Миралем Пјаниќ бил забележан во тренинг центарот на Јувентус во Торино, по што почнаа шпекулациите за негово враќање во таборот на „Старата дама“.

Иако тој за „Скај“ рекол дека неговото доаѓање во Торино нема врска со враќање во Јувентус, сепак медиумите на „Чизмата“ пишуваат нешто друго.

Пјаниќ беше дел од Јуве и од таму премина во Барселона. Не ја оправда довербата на „Ноу Камп“, па ова лето беше испратен на позајмица во турски Бешикташ.

Играчот од средниот ред има договор со Барса до летото 2024 година, но според италијанските медиуми, најтрофејниот италијански клуб наскоро би можел да започне процедура да го врати играчот во Јуве.

Scroll to Top