Top Sport

Екс-играчот на Динамо избегна затвор

Играчот на Слобода Тузла, а поранешна голема надеж на загрепски Динамо, Сулејман Крпиќ избегна одење во затвор откако плати 12.000 конвертибилни марки (6.000 евра) за пресудата од четири месеци затвор поради насилничко однесување.

Судот во Орашје го осуди Крпиќ бидејќи на 30 август 2015 во четири часот наутро претепал еден човек кој сеобидел да го одбрани неговиот другар. По ова, Крпиќ извадил челична шипка по што го бркал човекот додека тој не успеал да истрча кај полицијата.

Крпиќ одигра само еден официјален натпревар за Динамо, откако во 2008 година дојде како голем талент од Босна и Херцеговина. Во 2010 тој замина во австрискиот ЛАСК, а сега се врати во босанскохерцеговското првенство.

Scroll to Top