Поранешниот капитен на Црвана звезда, сега играч на АПОЕЛ, Вујадин Савиќ и неговата сопруга биле заразени со коронавирусот. Оваа информација предизвика големо внимание во соседна Србија особено кај спортистите.
Савиќ и неговата сопруга имале само благи симптоми меѓутоа тој во изминатиот период бил во контакт со многу луѓе. Минатата среда од северната трибина го бодреше поранешниот тим во полу-финалето на Купот против Партизан.
Има и сомнеж дека се заразени и некои други фудбалери од Црвена звезда со кои Савиќ редовно бил во контакт. Нивните имиња не се објавуваат.
Пред четири дена кошаркарот на Партизан Никола Јанковиќ објави дека неговиот тест на Ковид-19 е позитивен. И тој како и Савиќ имал бил со лесни симптоми на болеста, но имал контакт со голем број на луѓе.
Јокиќ, Ѓоковиќ, Обрадовиќ, Вујошевиќ…биле на истиот настан со заразениот играч на Партизан