Top Sport

Екс репрезентативец на Аргентина се обидел да ја убие соругата

Лучо Гонзалес е осомничен за обид за убиство на својата сопруга. Сопругата го пријави фудбалерот кој сега настапува за Атлетико Паранаенсе дека се обидел да и ги пресече вените.

„Се обиде да ми ги пресече вените. Ме даваше, а кога ме фати, ме држеше преку балконот. Ги повика и децата да го гледаат тоа. Потоа од балконот ме фрли во дворот. Викаше дека ќе ме убие“, изјавила сопругата на 36-годишниот фудбалер.

Откако го пријавила в полиција Лучо Гонзалес го напуштил заедничкиот дом, а на соругата и ги блокирал сите кредитни картички.

Судот му забранил на фудбалерот да и се доближува на сопругата, а исто така во наредните 90 дена нема да може да ги посети своите деца.

Овој поранешен агентински репрезентативец (45 натпревари)најдобрите години во кариерата ги мина во Порто и Олимпик Марсеј. Последната сезона ја игра во Атлетико Паранаенсе.

Scroll to Top