По само 2 месеци на кормилото на францускиот прволигаш Нант, поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменек се наоѓа на чекор од отказ.
Оваа вест ја пренесоа речиси сите локални медиуми. Тие наведуваат дека Доменек ќе добие отказ во наредните неколку дена и на неговата позиција ќе дојде екс-кормиларот на ПСЖ, Антоан Кумбаре.
Тој на клупата на „Светците“ беше од 2009 до 2011 година, а работеше и во Валенсиен, Ал Хилал, Ленс, Генгамп, Дижон и Тулуз.
На седум меча колку е на клупата на Нант, Доменек има 4 нерешени и 3 порази, па поради тоа сега клубот е во зоната за испаѓање.
За потсетување, името на Рајмон Доменек се споменуваше како една од опциите за селекторската позиција во репрезентацијата на Србија, што и самиот го потврди.