Top Sport

Ексдиректор на ИМФ со проект за навивачка сопственост на Интер

Италијанскиот економист и поранешен претседател на Интернационалниот монетарен фонд (ИМФ) и огромен фан на Интер, Карло Котарели, официјално го започна проектот со кој навивачите на Интер ќе можат да купат акции во клубот.

Котарели преку неговата компанија Интерспарк СРЛ обезбедува можност славните фанови на Интер да купат уддел во клубот до крајот на јуни.

„Сакаме да го засилиме Интер со капитал добиен од инвеститорите. Тоа веќе се случи во големи клубови како Баерн Минхен и не значи дека ќе пречиме на сопствениците на Интер, туку само ќе помогнеме. Благодарни сме на претседателот Жанг за враќање на Интер на врвот. Првиот чекор ќе биде симболичен – до крајот на јуни, славни фанови на Интер, спортисти, актери, музичари ќе бидат дел од проектот“, вели Котарели.

Scroll to Top