Top Sport

Ексдокторот на Реал тврди: Герет Бејл е најголемиот спортист!

Герет Бејл бил најголемиот спортист со кого работел поранешниот главен доктор на Реал Мадрид, Хесус Олмо, кој тврди дека Велшанецот би имал блескави успеси во било кој спорт.

30-годишниот Бејл е на „Бернабеу“ од 2013 година, но не наиде на многу фанови во шпанската престолнина и покрај тоа што постигна 80 голови (многу од нив клучни) во 169 меча. Олмо, сепак, тврди дека тој е најимпресивниот спортист кого го видел и покрај тоа што во кариерата работел со многу ѕвезди, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо.

„Најверојатно најдобар спортист со кого сум работел е Герет Бејл. Тој е природен спортист способен да биде блескав во било кој спорт. Има неверојатна генетика и атлетска способност, а исто така и техничка способност на теренот. Тој ме импресионираше во сите аспекти“, вели Олмо.

Олмо тврди дека фановите на Мадрид се „свртеле“ против Бејл, бидејќи тој играл со многу повреди.

„Сите спортисти имаат свои хендикепи. Луѓето гледаат само кога фудбалерот е повреден, но има фудбалери кои играат и покрај физичките проблеми. Добар медицински тим гледа да има минимум хронични проблеми, но тоа не е секогаш можно“, вели Олмо.

Scroll to Top