Џеси Марч може експресно да си најде нова работа во Премиерлигата по отказот кој го доби од Лидс, откако британските обложувалници го поставија како најголем фаворит за насленик на Нејтан Џонс во последнопласираниот тим во лигата, Саутемптон.
По само 2 победи во 17 меча, Марч доби отказ од Лидс во понеделникот, додека денеск Саутемптон решија да го отпуштат Џонс по 1:2 поразот од Вулверхемптонво саботата. Во Саутемптон сметаат дека Марч може да има успех со тимот бидејќи имаше слична кариера со поранешниот менаџер Ралф Хазенхитл – двајцата работеа во фудбалскиот систем на Ред бул и имаат сличен стил на тактичко поставување на играта.
Саутемптон се враќаат во акција со дуел со Челси.