Top Sport

Експретседател на Јуве: Пјаниќ е „мек“ како моцарела!

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џиљи не е импресиониран од состојбата на неговиот поранешен тим, оценувајќи го Миралем Пјаниќ „мек како моцарела“, и велејќи дека е несфатливо што клубот во текот на летото се обиде да го продаде Пауло Дибала.

По 2:1 поразот од Верона, критиките беа неизбежни.

„Секогаш сум го критикувал Маурицио Сари, но не сакам да клоцам човек кој е на земја. Фабио Паратичи сега вели дека Дибала е најдобриот наш фудбалер, но не откри зошто сакаше да го продаде? Проблемот е во средината на теренот, и тој е психолошки. Пјаниќ изгледа мек како моцарела. Уморен, а можеби му треба и одмор. Не знам што ќе прават со тој среден ред“, вели Џиљи.

Тој не верува дека низата од осум титули, во Торино не се заситени од успехот.

„Не мислам дека се работи за тоа, бидејќи клубот направи многу инвестиции во овој тим. Семејството Ањели правеше ризични, но фер договори. Андреа Ањели знае како да се справи и со оваа ситуација“, вели Џиљи.

Scroll to Top