Top Sport

Експретседателот на Сантос во посмртно писмо со критики за Нејмар

По неговата смрт на 16 август 2016 година, Луис Алваро де Оливеира Рибеиро, поранешниот претседател на бразилскиот фудбалски гигант Сантос, оставил писмо во кое сака да ја објасни ситуацијата околу трансферот на Нејмар во Барселона.

Рибеиро во писмото, кое стана вистинска атракција во Бразил, открива дека татко му на Нејмар, Нејмар Сениор се однесувал некоректно обидувајќи се на својот син да му обезбеди трансфер на „Ноу Камп“. Рибеиро исто така го критикува неговото однесување во финалето на Клупското светско првенство во 2011, кога веќе знаел дека договорот е склучен.

Писмото, напишано на 15 март 2016 година, е објавено од страна на весникот „Фоља де Пернамбуко“.

„Сантос и јас лично никогаш не добивме информации или документ дека пред стартот на Светското клупско првенство, г-динот Нејмар, таткото на фудбалерот, веќе се обврзал кон Барселона и добил исплата. Сантос тој меч го играше со играч кој веќе доби пари од ривалот, и тоа мора да влијаеше на играта на Нејмар Јуниор. Тој веќе не беше истиот весел фудбалер, кој доминираше над ривалите. Го кажав тоа пред печатот, но никој не ме слушаше“, се вели во писмото на Рибеиро.

Scroll to Top