Top Sport

Ел Конфиденсиал: Реал ќе го откачи Лука Модриќ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во суперлативи зборува за Лука Модриќ, откако Хрватот ја освои престижната „Златна топка“, но весникот „Ел Конфиденсиал“ тврди челникот на „кралскиот клуб“ е само добар глумец.

Овој извор, пипува дека „чиста глума е љубовта што Перез ја покажува кон Модриќ“ и дека тој се подготвува да го продаде официјално најдобриот фудбалер во светот за 2018 година. Првиот човек на реал бил подготвен да ги слушне понудите од другите клубови за Модриќ.

Планот на Перез бил да го освежи тимот, а ваквата операција пара многу пари. Поради тоа тој имал намера да ги продаде Модиќ, Герет Бејл и Иско.

Модриќ има 34 години и доколку Реал сака да го задржи ќе мора да му понуди нов договор. Бејл, во ниту еден момент не ги оправда 100. милиони евра кои Реал ги вложи во него, додека Иско е незадоволен од третманот што го има кај новиот тренер Сантијаго Солари.

„Перез не се плаши кога треба да донесе тешка одлука“, пишува весникот.

Scroll to Top