Крилото на Рома, Стефан Ел Шарави е тужен од крадецот кого го истепал при обид за да го украде неговото Ламборгини, тврдат италијанските медиуми.
Ел Шарави бил во посета на домот на Алесио Черчи на 12 февруари и двајцата играле видео-игри, кога Ел Шарави го забележал крадецот кој според „Кориере дела сера“ го искршил прозорецот на автомобилот кога Ел Шарави истрчал и го фатил и ја викнал полицијата.
Во мај крадецот, кој е 30-годишен Чилеанец, добил казна од 1 година и 4 месеци затвор, но сега го тужи Ел Шарави за нанесување на физички повреди. Тој мора да се јави на сослушување до крајот на месецот.