Top Sport

„Ел три“ со полска победа, Косово драматично со Летонија

По импресивното реми 3:3 против Белгија, Мексико стигна до тесна, но заслужена победа над Полска во пријателски меч во Гдањск во понеделникот.

За популарните „Ел три“, напаѓачот на Бенфика, Раул Хименез го постигна единствениот гол во 13. минута, со одличен удар со левата нога.

Косово во драматичен пријателски меч во Митровица со 4:3 успеа да ја совлада Летонија благодарение на голот на Бесар Халими во 94. минута од мечот.

Интересно беше и во Анталија, каде што Албанија стигна до 3:2 победа на гостувањето кај Турција. Армандо Садику, играчот на Легија Варшава, постигна два гола во првото полувреме, но Турција направи кам-бек преку Ченгиз Ундер во 47. минута, пред Ерос Грезда да зголеми на 1:3. Емре Акбаба го постави конечниот резултат 2:3.

Бугарија благодарение на голот на играчот од среден ред на Спартак Москва, Ивелин Попов во 81. минута стигна до 1:0 победа над тимот на Саудиска Арабија.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Ерменија – Кипар 3:2

Грузија – Белорусија 2:2

Венецуела – Иран 0:1

Ирак – Сирија 1:1

Бугарија – Саудиска Арабија 1:0

Турција – Албанија 2:3

Косово – Летонија 4:3

Полска – Мексико 0:1

Scroll to Top