Top Sport

Елиф Елмас со фантастична асистенција, Наполи води на „Ноу Камп“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас целосно ја оправда довербата на Лучано Спалети да биде стартер за Наполи за гостувањето кај Барселона во Лига Европа, асистирајќи му на Пјотр Зиелински за фантастично водство на гостите.

Елмас со маестрален потег ја „распамети“ одбраната на Каталонците во 29. минута од мечот, за да го пронајде Зиелински, кој во вториот обид го совлада Марк-Андре Тер Штеген.

Scroll to Top