Top Sport

„Елиот менаџмент“ почна со процедурата за преземање на Милан

Сопственикот на фудбалскиот гигант Милан, Јонгхонг Ли го утна крајниот рок да внесе 32 милиони евра во клубот, со што американската фондација „Елиот менаџмент“ почна со официјалната процедура за преземање на седумкратниот европски шампион. Италијанските медиуми велат дека Ли нема да се откаже без борба.

Пропуштањето на крајниот рок, значи дека Ли сега треба да ги врати 412 милиони евра кои „Елиот менаџмент“ му ги дадоа за да се финансира преземањето на клубот минатото лето. Според италијанскиот весник за економија „Ил соле 24 оре“, „Елиот“ веќе почнале со легалната процедура за преземање на сите поседи на Ли, вклучувајќи ја холдинг-компанијата од Луксембург, која официјално го купи Милан од експремиерот Силвио Берлускони за 740 милиони евра во април 2017 година.

Надежта за Ли е да се најдат 32 милиони евра до понеделник и да се спречи легалната постапка, а друга опција е да се најде купувач за клубот кој би ја исплатил целата сума на „Елиот“. Според „Ил соле 24 оре“, еден човек кој е заинтересиран е акционерот на англискиот Арсенал, Алишер Усманов, кој и претходно беше поврзуван со купување на италијанскиот гигант.

Scroll to Top