Top Sport

Елитната Беарцот награда за Ди Франческо

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо е добитник на наградата за најдобар италијански тренер „Енцо Беарцот“ за неговата „храброст и упорност“.

Во гласањето на новинарите од италијанските весници, Ди Франческо го победи Симоне Инзаги од Лацио и Роберто Манчини од Зенит Санкт Петербург за да го наследи тренерот на Наполи, Маурицио Сари како носител на престижната награда.

Ди Франческо ја добива наградата само три дена откако ги предводеше Рома до спектакуларна 3:0 победа над Барселона за пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони, каде што „волчицата“ ќе се судри со Ливерпул.

Наградата го носи иметои на Енцо Беарцот, член на италијанскиот шампионски тим од СП 1982 година, кој почина пред осум години.

Фото: ЕПА

Scroll to Top