Еден од најталентираните македонски млади фудбалери, Елиф Елмас го имаше своето деби во дресот на турскиот гигант Фенербахче, откако доби 20-тина минути игра при 1:1 ремито на Фенер на гостувањето кај Трабзон.
Фенер „извлече“ реми на гостувањето на брегот на Црното Море, откако во 84. минута постигна гол преку Соуза. Со ремито, Фенер е на третото место во турската Супер лига со 37 поени, четири помалку од лидерот Галатасарај.