Top Sport

Елмас е играч на Наполи (Фото+Видео)

Елиф Елмас од денес официјално е фудбалер на Наполи. Македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

Од претходно беше познато дека трансферот на Елмас од Фенербахче изнесува 16 милиони евра, плус 1,5 милиони евра што турскиот клуб ќе ги добие преку бонусите.

Талентираниот фудбалер со наполи потпиша пет годишен договор, а се шпекулира дека годишно ќе заработува околу 1,3 милиони евра.

Елмас е вториот Македонец по Горан Пандев што ќе го носи дресот на Наполи.

Елиф Елмас во 2017 година од Работнички се пресели во Фенербахче.

Scroll to Top