Георге Гарди, менаџерот на Елиф Елмас, во интервју за „Радио Кис Кис“, оценил дека македонскиот репрезентативец имал добра дебитантска сезона во Серија А.
Елмас минатото лето од Фенербахче се пресели во Неапол, а според најавите наскоро ќе потпише нов договор со клубот, според кој ќе остане во Наполи до 2025 година.
Досега Елмас одиграл 30 натпревари за Наполи, постигнал еден гол и забележал една асистенција.
„Ова беше година на прилагодување. Елиф добро се снајде во Серија А и во еден голем клуб каков што е Наполи. Имаше одличен однос со Карло Анчелоти, а сега и со Џенаро Гатузо. Тој чувствува дека Гутузо има голема доверба во него“, рекол Гарди.
Наполи со освојувањето на Купт ја заврши работата во Серија А, избори пласман во Лига Европа наредната сезона, а Гатузо и неговите избраници се насочени кон реваншот до Барселона во Лигата на шампионите. Првиот меч во Неапол заврши 1:1, а подобриот ќе избори пласман во четврт-финалето.
„Елмас е мотивиран за тој дуел, сонува да и даде гол на Барселона“, изјавил Гарди.