Top Sport

Елмас нема намера да го напушти Наполи

Елиф Елмас нема намера да го напушти Наполи во зимскиот преоден рок. Македонскиот репрезентативец, медиумите го поврзуваат со Бенфика, Лидс јунајтед и Борусија Дортмунд.

„Тој сака да ја заврши сезоната во Наполи, а потоа да се фокусира на Европското првенство“, рекол за „Тутомеркато“, менаџерот на Елмас, Џорџо Гарди.

Елмас, оваа сезона забележал девет настапи за Наполи, постигнал еден гол, на 27.септември, во убедливата победа од 6:0 против Џенова.

Scroll to Top